Преговорите започнаа, испратена е и првата понуда до Азар!

Се позивесно е дека најдобриот белгиски фудбалер, Еден Азар, ќе се пресели во Реал Мадрид. Доаѓањењто на Зинедин Зидан, само дополнително го убеди напаѓачот во неговата одлука, а според англиските медиуми, кралскиот клуб веќе испратил понуда до Челси.

Англиските медиуми на големо пишуваат дека Реал испратил понуда од 100 милиони евра за Азар, Челси сака 15 милиони евра повеќе, но веќе никој не се сомнева дека работата ќе биде завршена.

Челси нема друго решение освен да постигне договор со Реал, Азар ја одби нивната понуда, а Белгиецот во Реал ќе заработува 15 милиони евра годишно, како и Герет Бејл, но и Зидан. Таа сума во Челси би изнесувала 20 милиони евра, но сепак Белгиецот го води исполнувањето на сонот. 

„Сините“ од Лондон практички и не можат да добијат подобра понуда за фудбалер на кој договорот му истекува наредната сезона, ќе се наполни нивната каса, а единствен проблем е тоа што нема да можат да ги потрошат парите, поради двегодишната суспензија од ФИФА: