Пред почеток на новото коло, Вест Хем му даде отказ на Грем Потер!

Вест Хем потврди дека Грем Потер не е повеќе тренер на првиот тим, тој заедно со својот стручен штаб заминува од лондонскиот клуб.

Интересно, отказот му е врачен пред почетокот на новото коло од Премиер лигата, а не после одигран натпревар.

„Вест Хем може да потврди дека Грем Потер го напушти клубот. Резултатите и перформансите во втората половина од минатата сезона и стартот на новата, не ги исполнија очекувањата и бордот на директори смета дека промената е неопходна со цел тимот да напредува на табелата во Премиер лигата колку што е можно побрзо“, стои во соопштението на чеканите.

Како кандидати за нов тренер се споменуваат Нуно Еспирито Санто и Славен Билиќ.