
Нуно Еспирито Санто не чекаше многу, брзо најде нов клуб!
Вест Хем денеска му врачи отказ на Грем Потер, а во текот на денот се очекува официјално да го потврди Нуно Еспирито Санто за нов тренер.
Постигнат е договор, остануваат да се средат уште некои формалности и ангажманот на Португалецот да се официјализира.
Санто ќе треба да го спасува Вест Хем по лошите резултати кои ги имаше овој тим на почетокот од сезоната.