
Пред една година беше болен од рак, a сега е пред деби за Манчестер јунајтед
Дефанзивецот пред една година боледуваше од рак на тестисите и мораше да мине низ интензивна хемотерапија. Тејлор се врати на тренинзите во клубот во септември, а сега го доби и првиот повик во тимот.
Менаџерот Оле Гунар Солше повика многу млади фудбалери за патувањето во Казасхтан, бидејќи веќе го има обезбедно пласманот во нокаут-рундата. Сигурно ќе биде специјален момент за Тејлор доколку добие шанса да дебитира за „ѓаволите“, една година подоцна откако му беше дијагностицирана тешката болест.