Познато што си кажаа Мурињо и Лампард за време на големата караница

На средината на првото полувреме на мечот меѓу Тотнем и Челси беше забележан конфликт меѓу двајцата тренери, Франк Лампард и Жозе Мурињо.

Мурињо ги загуби нервите поради прославата на голот на Лампард, по што намаше баш пријатни зборови за неговиот поранешен ученик.

„Е*и се Франк, кога губиш 0-3, не си толку гласен“, порача Мурињо.

Секако, веднаш пристигна реакција и од Лампард, кој немаше намера само да молчи.

„Седи и молчи“, кажа Лампард.