Познато кога ќе се игра дербито меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул

Дербито меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул беше одложено поради упадот на навивачите на „Олд Трафорд“, поради што Премиерлигата одреди нов термин кога ќе се одигра натпреварот.

Навивачите протестираа и бараа оставка од семејството Глејзерови поради тоа што се согласија Манчестер јунајтед да влезе во европската Суперлига, која засега останува само сон на гигантите.

Што се однесува до натпреварот, новиот датум за одигрување на дербито е 13 мај со почеток од 21.15 часот.