Познат точниот термин: Промоцијата на Елмас утре попладне во Димаро!

Македонскиот бисер Елиф Елмас кој денеска и официјално го потпиша петгодишниот договор вреден 7,5 милиони евра со Наполи и стана најскапиот Македонец во историјата, своето прво обраќање пред италијанските новинати ќе го има утре на прес-конференција во 16.30 часот.

Според распоредот, кој го објавија медиумите на Апенините, Наполи има утрински тренинг од 10 часот наутро, а потоа и втор попладневен тренинг од 17.30 часот во својот тренинг-центат во Димаро. Во 16.30 часот е закажама промоцијата на Елмас и обраќање на тренерот на тимот, Карло Анчелоти.