Последен пат кога Челси загуби петпати по ред - потона Титаник!

Челси со поразот од Брајтон (0-3) израмни негативен рекорд од 1912 година, односно последен пат кога загубил пет пати по ред во Премиер лигата се случила несреќата со Титаник.

Доказ за тоа колку се лоши „сините“ во моментов под водство на тренерот Лијам Росениор е статистиката која покажува дека ваква катастрофа им се случила кога потона Титаник во 1912 година.

Актуелниот светски шампион полека, но сигурно тоне во Премиер лигата, па така од борбата за позиција која води во Лигата на шампиони (ЛШ) стигна до ситуација да се плаши дека нема да настапува во ниту едно европско натпреварување идната сезона.