Поради банална грешка Реал Мадрид може службено да го загуби мечот против Хетафе!

Доколку Хетафе се пожали, а Ла Лига стрикно ги почитува правилата, Реал Мадрид може да го загуби мечот кој синоќа го доби со 1-0 со гол на Асенсио.

Каталонскиот весник „Спорт“ ја потенцира грешката на Реал Мадрид која може да им ја одземе победата.

Во 84. минута Едуардо Камавинга излезе од игра, а на негово место влезе Алваро Одриозола. Но, планот на Анчелоти беше на Одриозола да влезе на местото од Асенсио, но Камавинга се повреди и мораше да биде направена промена во планот.

Сепак, Одриозола влегол во игра на местото на Асенсио, и во истиот момент од клупата на Реал му рекле дека тој останува во игра, а го повлекле Камавинга кој беше повреден.

„Измените ќе бидат ефективни кога резервата ќе влезе на теренот. Од тој момент, фудбалер кој го напушта теренот станува заменет играч, а резервата станува актуелен играч и може да почне да игра“, гласи правилото.

Ова правило веќе стапило на сила кога во Реал Мадрид се предомислија и наместо Асенсио го извадија Камавинга.

Доколку Реал Мадрид биде обвинет за пропуст, ќе му бидат одземни трите бода и ќе му бидат дадени на Хетафе.

Реално ова е банална грешка направена од принудна причина и во прашање се само неколку секунди, но ако Хетафе се жали, а Ла Лига стрикно ги почитува правилата, може бодовите да му бидат дадени на тимот кој се бори за опстанок.