Помошен тренер заигра пак фудбал и направи спектакл со – магичен гол со лоб (ВИДЕО)

Данецот Хенрик Хансен не игра фудбал од 2015 година, но иако пет години е надвор од терените, фудбалската магија во нозете сè уште ја има.

Поранешниот фудбалер за врска на Одензе сега е помошник тренер во овој клуб, а против Одензе мораше да влезе во игра. Се повреди Мозес Опонда во 84-та минута, па Хансен, помошникот на Јакоб Михелсен против Копенгаген постигна гол за анали на пријателскиот меч за да извади реми 2-2.

Топка на 16 метри со лоб од место погоди во мрежата. Погодокот треба да се погледне неколкупати.