Политано конечно го напушти Интер и се пресели во Наполи

Матео Политано од денеска е нов фудбалер на Наполи и доаѓа на шестмесечна позајмица со опција за целосен откуп на неговиот договор од Интер. 

Крилниот фудбалер по доаѓањето на Антонио Конте на клупата ја загуби позицијата во тимот и јасно беше дека ќе си бара нова средина. Интересно тој беше пред преселба во Рома, па дури и ги мина медицинските прегледи, но трансферот пропадна во последен момент, откако клубовите не се договорија.

Политано е трето засилување за Наполи оваа зима по Диего Деме и Станислав Лоботка. Пред да потпише за Интер, тој играше за Сасуоло, а има и три настапи за италијанската репрезентација.