Погба ќе игра во Реал Мадрид, ама за една година – менаџерот Мендеш (ќе) ја заврши сагата!

Француската суперѕвезда Пол Погба, актуелниот член на Манчестер јунајтед ќе игра во најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, но од идното лето и оваа гаранција ја добил тренерот Зинедин Зидан од својот претседател Флорентино Перез, но и од најмоќниот менаџер на светот Жорге Мендеш, објавуваат шпанските медиуми.

Добри познавачи на состојбите во Реал, но и од доверливи извори и тоа блиски до менаџерот на Погба, објавија дека францускиот ас идното лето ќе биде бомбата на „кралевите“ и дека тие до крајот на преодниот рок нема воопшто да тргнат во обид да го донесат фудбалерот за врска. За сѐ,гаранции дал Мендеш, кој треба да ја заврши работата со Јунајтед.

Наводно, Мендеш на „Олд Трафорд“ им ветил дека ќе го донесе португалскиот ас Бруно Фернандеш во јануари и најдобриот пријател на нашиот Стефан Ристовски ќе има доволно време да се прилагоди во вториот дел од сезоната на англискиот фудбал и Премиерлигата за да биде замена за Погба. Така Погба ќе добие „зелено светло“ од Јунајтед за разумна цена да се пресели во Мадрид.

Идното лето Погба ќе биде на две години од истекот на договорот со „црвените ѓаволи“, а интересно формулата за ангажман е иста како пред една деценија со Кристијано Роналдо. Останува да се види дали навистина ќе се реализира и оваа трансфер-бомба.