Погба доби забрана во Манчестер јунајтед – не смее да каже ни збор!
Англиските медиуми веќе неколку недели објавуваат дека Погба побарал трансфер од Манчестер, ако клубот не го отпушти менаџерот Мурињо, па сега во целиот тој хаос, фудбалерот не смее да дава никакви изјави.
„Не ми е дозволено да кажам ништо“, кратко рекол Погба по мечот со Валенсија (0-0), синоќа на „Олд Трафорд“ во Лигата на шампионите.
Откако на површина излезе нетрпеливоста помеѓу Французинот и Португалецот, која кулминираше со одземање на капитенската лента, Погба сега се поврзува со трансфер во Барселона, ПСЖ, Реал Мадрид, но и враќање во Јувентус, од каде замина за клупски рекорден трансфер на Манчестер јунајтед од 100 милиони евра.