
Подолски е „крал на донерите“ - отвори 30 ресторани и заработи 200 милиони евра!
Подолски во текот на кариерата играше за екипи како Арсенал, Баерн Минхен, Галатасарај, а во моментов го носи дресот на Горник Забрже и вишокот на слободно време го искористи за да стане успешен бизнисмен.
Напаѓачот го отвори првиот ресторан во Келн, а во моментов има 30 локали ширум Германија чија вредност е околу 200 милиони евра.