Перин го „разнесе“ Мбапе, младиот Французин во солзи го напушти теренот (ВИДЕО)

Екипата на Сент Етиен од 31. минута игра со играч помалку на дуелот против ПСЖ, откако црвен картон доби Лоик Перин, по бруталниот старт над Килијан Мбапе.

Судијата прво му покажа жолт картон, но по големата гужва и хаосот кој настана, му беше доделен црвен картон по преглед на ВАР – снимката.

Поради повреда и Мбапе мораше да излезе од игра и сега се стравува дали ќе може да игра во Лигата на шампиони.