Најцрното сценарио за Ернандез, ги скинал - лигаментите!

Бекот на ПСЖ, Лукас Ернандез ќе биде надвор од теренот повеќе од шест месеци откако ги скина лигаментите на вчерашниот меч против Борусија Дортмунд.

Ернандез поради повреда предвреме го заврши вчерашниот меч од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд, а тестовите за повредата го покажаа најлошото.

Фудбалерот ги скинал вкрстените лигаменти на коленото и ќе биде во аут најмалку 6-7 месеци.

Тоа значи дека Ернандез нема да настапи за Франција на Европското првенство во Германија, а и тешко дека ќе му се врати на фудбалот во 2024 година.