Ѓорческа загуби од втората носителка на турнирот во Шпанија
Ѓорческа немаше сила за изненадување против поранешната гренслем-шампионка во конкуренција на двојки, па и двата сета ги загуби со идентичен резултат (2-6 и 2-6).
Македонската тенисерка со пласманот во второто коло на турнирот ќе освои 15 поени со кои се очекува да забележи напредок на ВТА-листата.