Драматичен пресврт: Рангник на крајот го одби Баерн за да остане селектор на Австрија!

Вчерашната вест дека германскиот стратег, Ралф Регник, ја прифатил понудата да седне на клупата на Баерн Минхен и тоа само пет минути по крајот на средбата на овој тим од полуфиналето на ЛШ против Реал Мадрид (2-2) се покажа како – лажна.

Без разлика што информацијата беше лиферувана од реномирани извори, меѓу кои и познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо, денеска самиот тренер потврди дека нема да замине во Минхен. Тој денеска соопшти денеска дека пред една недела добил понуда да стане тренер на Баерн на крајот од сезоната, но дека решил да остане селектор.

„Со сето срце сум со репрезентацијата на Австрија. Навистина уживам во оваа задача и решен сум да продолжам по патот што го избравме. Сакам да истакнам дека тоа не значи дека го одбив Баерн, туку дека донесов одлука за мојот тим и нашите заеднички цели. Нашата целосна концентрација е на претстојното ЕП. Ќе направиме се што можеме за да стигнеме што подалеку на ЕП“, изјави Рангник.

Тој има договор со ФС Австрија до јуни 2026 година. Рангник (65) ја презеде австриската репрезентација во 2022 година, а претходно меѓу другите беше тренер на Манчестер Јунајтед, Лајпциг, Шалке, Хофенхајм, Хановер и Штутгарт. ЕП ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија, а Австрија ќе игра во групата Д со Полска, Холандија и Франција.