Перез ќе го тужи човекот кој го обвини дека поткупувал судии!

Реал Мадрид соопшти дека нивниот претседател, Флорентино Перез покренува правна постапка против поранешниот комесар за натпреварување на Ла Лига, Виљарехо кој изјави дека и кралскиот клуб поткупувал судии.

Во емисија на каталонското радио „РАК1“, поранешниот комесар за натпреварување, Виљарехо изјави дека Флорентино Перез поткупувал судии уште пред Барселона да почне да го плаќа Енрикез Негреира. Но претседателот на Реал Мадрид бил недопирлив и никој ништо не му можел.

Флорентино Перез не остана имун на овие обвинувања, тој веднаш покренал процедура за тужба на Виљарехо, Реал Мадрид преку соопштение ја потврди одлуката на претседателот.

„Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез нареди итно да се започне процедура за судска постапка против поранешниот комесар Виљарехо за неговите лажни обвинувања кои ги кажа на каталонската радио станица“, се вели во соопштението на кралскиот клуб.