Перез и Мендеш имале состанок до зори: Роналдо во Јувентус е само прашање на време

Трансферот на Кристијано Роналдо е пред реализација, пишува „Мундо Депортиво“. Весникот кој исклучително близок до Барселона, објави дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш имале состанок кој траел до раните утрински часови. 

Нормално главна тема на разоговорите бил трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус. Според шпанските медиуми, сите детали ќе бидат договорено во најскоро време и официјалната потврда ќе дојде за многу кратко. 

Дел од шпекулациите велат дека фудбалерот веќе имал медицински прегледи и ги договорил личните услови со Јувентус, па сега останува само обештетувањето. Токму затоа бил и состанокот на Мендеш и Перез, кои разговарале за висината на трансферот. „Старата дама“ најверојатно ќе мора да плати околу 100 милиони евра за да го добие Португалецот.

„Трансферот не е целосно завршен, но двете страни ќе се договорат многу брзо. Предлогот за трансфер бил одблокиран синоќа, кога Перез и Мендеш имале состанок до зори. Роналдо дефинитивно си заминува од Реал Мадрид“, пишува весникот.