
Педри брутално искрен за дебаклот: Игравме ужасно лошо!
Каталонците пропуштија голема прилика преку Роберт Левандовски во при резултат 2-1 да се вратат во натпреварот, но полскиот голгетер не реализираше пенал.
Сепак, фудбалерот од средниот ред, Педри беше искрен и призна дека играта на неговиот тим била далеку под нивото на кое треба да биде.
„Ужасно… слободно можам да кажам дека одамна не сме одиграле толку слаб натпреваар како сега со Севиља. Се мачевме со топката, немавме одговор за нивниот пресинг „човек на човек“, немавме ниту интензитет во одбраната. Првото полувреме беше катастрофално, не знаевме ни како да напаѓаме, ниту пак како да се браниме. Мораме да поправиме многу работи, позитивната серија што ја имавме е прекината, треба да бидеме самокритични, да видиме каде сме погрешиле за тоа да не ни се повтори“, изјави плејмејкерот на Барса.
За Барселона овој пораз беше прв во сезоната, по осум кола има и уште едно реми и шест победи, долни за 19 бода и второто место на табелата, лидер е Реал Мадрид со два повеќе.
Фото: Barcelona FC