
Три децении по Џиџи Буфон, дебитираше неговиот син (ВИДЕО)
Безмалку три децении подоцна, на 5 октомври 2025, исто така на 17-годишна возраст, првпат во игра влезе неговиот син Луис Томас Буфон. Помладиот не е голман, туку крилен играч, а во Серија А дебитира како член на Пиза на 17 години и 295 дена. На теренот влезе на дуелот против Болоња, во 77. минута кога противникот веќе водеше со 4-0 и победникот беше решен. Тренер на Пиза е соиграчот на неговиот татко од италијанската репрезентација Алберто Џилардино.
Дали вчерашниот натпревар ќе биде почеток на нова блескава кариера, ќе покаже времето. Луис Томас е дете на Буфон од бракот на Алена Середова, па во младинските категории играше за репрезентацијата на Чешка, но и натаму има право да настапува за сениорската селекција на Италија.