Павловиќ во Баерн Минхен до 2029 година!

Баерн Минхен потврди дека ја продолжува соработката со Александар Павловиќ до јуни 2029 година.

Германскиот репрезентативец поради повреда во последен момент го пропушти Европското првенство, но може да биде задоволен од потписот на новиот договор со Баварците.

„Баерн Минхен е клуб кој е во моето срце. Јас сум горд, среќен и благодарен, јас сакам да освојувам титули со тимот“, вели Павловиќ.