Паника во Каталонија: Ѕвезда на Барселона сака да замине бесплатно од клубот
Френки Де Јонг сè уште одбива да почне преговори за продолжување на соработката, а каталонски „Спорт“ пишува дека идејата на Холанѓанецот е да замине од клубот целосно бесплатно.
Каталонците за услугите на Де Јонг платија 70 милиони евра, па би можеле да бидат во огромна загуба доколку тој реши да замине на крајот од неговиот договор.
Де Јонг има соработка со каталонскиот гигант до 2026 година, а за неговите услуги покажаа интерес екипи како Челси и Манчестер јунајтед.