Пандев ќе игра покрај Џовани, Стоичков и Ривалдо на меч во Букурешт (ФОТО)

Поранешниот македонски фудбалер и освојувач на Лигата на шампиони (ЛШ), Горан Пандев ќе биде дел од „тимот на светот“ и ќе настапи на натпревар во Букурешт против златната генерација на Романија од 1994 година.

Пандев ќе настапи покрај легенди како Дида, Панучи, Ривалдо, Стоичков, Савиола и други, а на теренот се очекуваат и Петреску, Димитриеску, Мунтеану и други романски фудбалери кои стигнаа до четвртфинале на Светското првенство (СП) во 1994 година.

Натпреварот меѓу „тимот на светот“ и златната генерација на Романија се игра денеска.