Пандев добива нов тренер и тоа во легендата на Милан – Џенаро Гатузо!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев многу извесно ќе добие нов шеф во Џенова, откако најстариот италијански калчолигаш после дебаклот во Рим од Лацио со 0-4 е на чекор да го смени Андреа Андреацоли од клупата.

Како што објавија дел од италијанските медиуми многу извесно е дека Андреацоли ќе биде заменет со легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Милан, Џенаро Гатузо.

Темпераментниот Гатузо е првиот пик на Џенова, особено што во моментов е без ангажман, па „Скај Спорт“ објави дека можно е негово доаѓање на „Мараси“, иако и Милан сака да го врати кога веќе ужасно тргна сезоната со Марко Џампаоло на клупата, кој го замени токму популарниот „Рино“ по завршување на минатата сезона.