Пандев: Честитки до Интер, време беше да го освојат Скудетото!

Интер по долга пауза конечно ја освои титулата во италијанската серија А и така ја прекина доминацијата на Јувентус, кој во моментов се бори за пласман на позиција која води во Лигата на шампиони (ЛШ).

Македонскиот капитен Горан Пандев даде изјава за „Газета дело Спорт“ и му честиташе на неговиот поранешен клуб за успехот.

„Честитки до Интер, време беше да ја освојат титулата. Тие го заслужија тоа и ги израдуваа навивачите“, евли Пандев.

Пандев настапуваше за Интер од 2009 до 2012 година, со кој ја освои Серија А во сезоната 2009/10, а тогаш триумфираа и во Купот и во ЛШ.