Падна договор, Гринвуд потпишува за Марсеј, познати се деталите!

Мејсон Гринвуд во новата сезона ќе настапува за Олимпик Марсеј, наскоро трансферот ќе биде и официјализиран.

Манчестер јунајтед и Марсеј си подале рака за трансферот на Гринвуд, фудбалерот лета кон Франција за да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договорот.

Договорот ќе биде потпишан до јуни 2029 година.

Манчестер јунајтед ќе добие 30 милиони евра плус 50 проценти од следната продажба на Гринвуд.