Падна договор: Бејл ќе игра во ист тим со Мусовски и Кјелини

Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл го напушти Реал Мадрид како слободен фудбалер, откако му заврши договорот, а иако се најавуваше враќање во неговатат татковина, сепак искусниот играч решил да потпише со Лос Анџелес, каде што игра Дани Мусовски, кој има македонско потекло.

Специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо најави дека Бејл ќе му се приклучи на тимот од Лос Анџелес и ќе потпише договор до јуни 2023 година.

Лос Анџелес претходно се договори и со Џорџо Кјелини, кој летово си заминува од Јувентус.