
Откриено зошто Роналдо сака да си оди од Реал Мадрид
Веќе три дена се најавува гигантскиот трансфер на Роналдо во таборот на „старата дама“ за 100 милиони евра обесштетување и за 30 милиони евра годишна плата во следните четири години, а до раните утрински часови денеска бил разговорот на Флорентино Перез, првиот човек на „кралевите“ со менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш.
„Ако мојата вредност ја проценуваат на 100 милиони евра, тоа значи дека не ме сакаат“, наводно рекол Роналдо, изјава која ја пренесоа „Марка“ и „АС“, два мадридски весници кои важат за највлијателни и најверодостојни кога станува збор особено за „кралскиот клуб“.
Дека Роналдо планира да си замине од Реал, Португалецот најави веднаш и по освојувањето на третата европска титула по ред, кога во Киев истакна дека „било убаво сите овие години да се биде дел од мадридскиот клуб“. Роналдо од поодамна е лут на Перез и Реал, особено околу неговиот проблем со неплатениот данок и судскиот процес, од причина што никој не застанал зад него во тој проблемот.
Претходно шпански медиуми објавија видео од Роналдо зошто Португалецот посебно го сака Јувентус и зошто го одбрал италијанскиот великан за нов следен чекор во кариерата.