Откриена причината за уривањето на хеликоптерот на газдата на Лестер!?

Англиските медиуми пишуваат дека сопственикот на Лестер најверојатно бил во хеликоптерот, кој вечерва се урна во близина на стадионот на клубот.

Газдата на „лисиците“, Вичај Шривадханапраба, бил во хеликоптерот при полетувањето, а тоа го потврдија неколку новинари, меѓу кои еден и од англиски „Сан“.

Наводно, причината за уривањето на хеликоптерот била во полетувањето и во помошните перки, а утре компанијата ќе излезе со официјално соопштение.