Осум гола на седум меча: Анортозис е нова жртва на Тричковски (ВИДЕО)

АЕК Ларнака се искачи на првото место во кипарското првенство, откако го совлада Анортозис со 2-1, а повторно главен на теренот беше македонскиот напаѓач Иван Тричковски, кој постигна еден до головите.

Тричковски го отвори резултатот од пенал во 35. минута и така стигна до бројката од осум голови во кипарскиот шампионат по седум одиграни кола, додека на 2-0 за АЕК зголеми Мет Дербишајр. Единствениот гол за Анортозис го постигна Лазарос Кристодулопулос во финишот од натпреварот.

АЕК по седум кола има 17 бодови на првото место, по што следи Аполон со 15, додека трет е Арис со 13 бода.