
Осимен со два гола пред промоција за „златна копачка“ во Калчото! (ВИДЕО)
Осимен со двата гола во Болоња каде Наполи имаше предност од 2-0 по еден час игра, дојде до 25 голови сезонава, но домаќините успеаа да се спасат од пораз со голови на Фергусон и Де Силвестри за реми на мечот.
Лаутаро е зад Осимен со 21 гол, но откако Интер завери пласман во ЛШ, многу извесно е Аргентинецот да не игра во последното коло и да се чува за финалето во ЛШ на 10 јуни против Манчестер сити, а и претешко и скоро нереално е дека ќе даде четири гола за да го стигне Осимен и барем да ја поделат „златната копачка“.
Лече во 101-та минута преку Коломбо од пенал победи кај Монца и го осигура опстанокот во Серија А.