Марсело издржа само пет месеци: Олимпијакос го избрка Бразилецот

Олимпијакос се раздели со еден од најпознатите фудбалери во светот, Марсело кој го носеше дресот на грчкиот гигант на само 10 натпревари и притоа постигна три гола.

Иако има 34 години, овој лев бек во текот на кариерата играше само за Флуминенсе, Реал Мадрид и Олимпијакос, но наскоро се очекува да го пронајде и четвртиот тим.

Марсело во дресот на Бразил настапи на 58 натпревари и притоа постигна шест гола, а во текот на кариерата освои 25 трофеи.