Официјално: Жута во Валеренга до 2024 година

Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута и официјално е нов член на норвешка Валеренга, која денеска го промовираше левиот бек за свое ново летно засилување, потпишувајќи договор до 2024 година.

Жута после година ипол во Лече, како и што беше најавено, си заминува откако во минатата сезона и не играше премногу, па сега повторно ќе игра во скандинавскиот фудбал, зашто тој е роден во Шведска, па во два мандати беше член на Хакен. Во кариерата играше и за Риека во златниот период кога беше освоена двојната круна со Стефан Ристовски, а потоа беше дел и од турски Коњаспор.

Македонскиот интернационалец има 15 настапи за црвено-жолтите.