Официјално: Сари е нов тренер на Јувентус! (ФОТО)

Јувентус на официјалната веб-страна потврди дека нивни нов тренер за следната сезона ќе биде досегашниот кормилар на Челси, Маурицио Сари.

Сари по авантурата во Лондон, кадешто со Челси го освои третото место во Премиерлигата, како и трофејот во Лига Европа, се враќа во Италија, кадешто со шампионот ќе потпиша договор до 30 јуни 2020 година.

Засега не се откриваат повеќе детали од неговата плата, иако во претходниот период се шпекулираше дека ќе добива по седум милиони евра годишно.