Официјално: Постекоглу го презема кормилото на Нотингем Форест

Нотингем Форест синоќа го отпушти тренерот Нуно Еспирито Санто, а денеска ја промовираше неговата замена и тоа ќе биде поранешниот стратег на Тотнем, Анге Постекоглу.

Постекоглу доби отказ по освоениот трофеј во Лига Европа, а неговиот квалитет веднаш го препозна поранешниот европски првак кој реши да го донесе на кормилото.

Нотингем по три одиграни кола оваа сезона се наоѓа на 10. место со четири освоени бодови.

Фото: Nottingham Forest