Официјално: Пјаниќ потпиша за Барселона (ФОТО)

По преговори кои се водеа неколку месеци, Миралем Пјанќ денеска официјално стана нов фудбалер на Барселона.

Јувентус инсистираше да го добие 23-годишниот Артур, па на крај се договорија со Каталонците и конечно трансфер сагата заврши.

Репрезентативецот на БиХ потпиша договор на четири години, до крајот на сезоната 2023/24, а Барселона за неговите услуги плати речиси 68 милиони евра.

Пјаниќ го напушта Јувентус по 171 меч во кои постигна 22 голови и 36 асистенции, а притоа освои три Скудета, два Купа и еден Суперкуп на Италија.