Официјално: Лирој Сане во дресот на Баерн Минхен (ФОТО)

Лирој Сане од денеска и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен. Германскиот репрезентативец го напушти Манчестер сити, а германскиот шампион ќе плати обештетување од 60 милиони евра.

Крилниот напаѓач утринава пристигна во Минхен и откако ги одработи задолжителните медицински прегледи стави потпис на пегодишен договор со баварците.

Играше за Манчестер сити од 2016 година, а таму пристигна од Шалке на инсистирање на Пеп Гвардиола, кој добро ги знаеше неговите квалитети од времето кога беше на клупата на Баерн.