Официјално: Иван Перишиќ е нов фудбалер на Баерн Минхен (ФОТО)

Иван Перишиќ е нов фудбалер на Баерн Минхен, откако стигна на позајмица за која Баварците платија пет милиони евра и имаат право да го откупат следната сезона за 20 милиони евра.

Тренерот на Баварците, Нико Ковач е во сериозни проблеми откако му пропадна трансферот на Лирој Сане поради повреда.

Баерн требаше да го купи Сане за 150 милиони евра, но поради повредата решија да го ангажираат Хрватот.