Официјално: Барселона го избрка Валверде и го назначи Кике Сетиен за нов тренер! (ФОТО)

Шпанскиот шампион Барселона и официјално предмалку ја потврди тренерската смена во својот клуб, па официјално го избрка Ернесто Валверде и го назначи Кике Сетиен за нов тренер на каталонската гордост.

Тоа што беше најавено уште пред повеќе од четири часа, вечерва Барселона го потврди, па на Валверде му се заблагодари за досегашната работа. Валверде добива отказ после неуспехот на Суперкупот во Саудиска Арабија, како кулминација на притисокот со кој се соочи уште од средината на минатата сезона и елиминацијата од Ливерпул во ЛШ после водство од 3-0 по првиот меч.

Неговиот наследник Кике Сетиен е нов тренер, но иако беше најавен како привремено решение, сепак добива договор до 30 јуни 2022 година. Во Каталонија доаѓа од Бетис, а е поранешен тренер и на Расинг Сантандер, Поли Ехидо, Логроњес, Луго, Лас Палмас

Сетиен утре во 13.30 часот ќе го потпише договорот, а половина час подоцна ќе се појави на теренот на „Камп Ноу“ за фотосесија, по што од 14.30 часот ќе ја одржи и првата пресконференција.