Одлична вест за Анчелоти – во тимот се враќа неговиот најдобар фудбалер!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем ќе биде подготвен за натпреварот против Валенсија, информација објавена од тренер Карло Анчелоти.

Искусниот стратег потврди дека Англичанецот се опоравил од повредата на скочниот зглоб поради која пропушти три натпревари.

„Белингем не тренираше многу со соиграчите, но сѐ што направи индивидуално го направи добро. Подготвен е и ќе игра утре", изјави Анчелоти.

„Кралевите“ утре ќе ѝ гостуваат на Валенсија, во меч во кој ќе бркаат триумф со цел да да ја задржи предноста од шест бода пред Џирона во врвот од табелата во Ла Лига. Белингем, кој е водечки стрелец во шпанската елита со 16 гола, нема играно откако постигна два гола во победата токму против директниот ривал за титулата на 10 февруари. Без него во тимот, Реал Мадрид ги победи Лајпциг и Севиља со по 1-0 и ремизираше со Рајо Ваљекано (1-1).