Одигра само 98 минути, а повеќе од десет клубови го сакаат на позајмица!

Мадридскиот весник „АС“ тврди дека десетина клубови се распрашуваат за позајмица на турскиот фудбалер на Реал Мадрид, Арда Ѓулер.

Ѓулер дојде како големо засилување за иднината на Реал Мадрид, но не се наигра. Прво неколку месеци се мачеше со разни повреди, а потоа не доби голема минутажа од Карло Анчелоти.

Досега настапи само 98 минути, но и покрај тоа интересот за него е голем.

Се претпоставува дека Реал Мадрид ќе го пушти на едногодишна позајмица наредната сезона, со цел да добие поголемо искуство.

„АС“ тврди дека десетина клубови се интересираат за Ѓулер, а како најконкретни во последно време се посочуваат градските ривали Бетис и Севиља.