
Оди ли Нејмар во Сити? Пеп му се јавил да го праша какви му се плановите
Според информациите на „Л‚Екип“, менаџерот на старо-новиот англиски шампион Пеп Гвардиола веќе му се јавил на Нејмар за од прва рака да дознае какви му се плановите и дали постојаните информации на меидумите што циркулираат за негово заминување се вистинити.
Ова е најава дека Сити би можел да тргне по потписот на Нејмар, кој има договор со парижаните до 2027 година, но на „Паркот на принцовите“ сакаат да го откачат зашто сѐ почесто се потенцира дека тоа било „наредба“ од Килијан Мбапе.
Нејмар во ПСЖ дојде за 222 милиони евра од Барселона во летото 2017 година, а во изминатиов период се посочуваше дека ПСЖ и за 50-на милиони евра би го продал, зашто би заштедил 200 милиони евра на платите што би му ги исплаќал до крајот на актуелниот договор.
Нејмар даде 13 гола на 20 меча, но последниве месеци не играше поради потешка повреда.