Одби да оди во Галатасарај, па Рома го исфрли од првиот тим!
Залевски беше еден од фудбалерите кои често играа под водство на Мурињо, но наиде на проблеми откако си замина Португалецот.
Неговата одлука да го одбие предлогот за нов договор со Рома и да ја одбие понудата од Галатасарај за позајмица, се причините поради кои е отстранет од првиот тим на волчицата.
Тој не бил дел од вчерашниот тренинг на првиот тим и така ќе биде додека не биде променета одлуката.
„Да, точно е. Можам да ги потврдам информациите во медиумите. Никола е исклучен од првиот тим на Рома“, потврди агентот на Залевски, Џовани Феро.