
Од Абердин се пожалија: Миовски го чека тортура за виза поради Брегзит!
Миовски за 624.000 евра дојде во Абердин од унгарски МТК, потпиша четиригодишен договор, во Шпанија на тренинг-кампот на шкотскиот клуб ќе ги направи лекарските прегледи и ќе почне со подготовката за новата сезона, ама... Кога Абердин ќе тргне дома, Миовски го чека најтешката задача – да ја добие визата.
Причина е Брегзит, одделувањето на Велика Британија од ЕУ, по што ептен се заострени правилата за виза и работна дозвола, а спортистите не се изземени од пеколната и бирократска процедура која одзема еден куп време и нерви.
„Кога ќе се вратиме сите во Абердин, за жал Бојан нема да може да дојде со нас, зашто мора да го мине тој процес за визата. Има (пре)многу бирократија и без да навлегуваме во политиката на Брегзит, овој процес многу не му помогна на фудбалот. Брегзит влијае на секој сектор во индустирјата во УК, а целиот бирократски процес за да добиете дозвола за работа е ист за сите и фудбалот не е исклучок, ниту иземен. Нема да имаме никаков повластен третман, што значи за Бојан ќе мора да ги минеме истите процедури како за секој друг, а сето тоа бара дополнително време во целиот процес“, вели Гудвин.
Миовски во октомври лани дебитираше за македонскара репрезентација, а овој месец ги даде првите два гола за сениорската репрезентација.