Обамејанг откри детали од грабежот во неговиот дом
Обамејанг откри детали од инцидентот кој се случи пред две ипол години, а поради истиот сè уште има трауми.
„Мојот највозрасен син дојде до мене и ми кажа дека има некои луѓе во куќата. Му реков веднаш да се сокрие, по што тие се појавија пред нас. Мојата жена почна да вреска, а тие имаа пиштол. Еден од нив почна да ми се заканува и бараше од мене да седнам, но јас одбивав. Сакав да се пресметам со него, но ме удрија во главата и потоа се заканија дека ќе им наштетат на моите најмили. Потоа ги однесов низ куќата да земат што сакаат и избегаа“, открива Обамејанг.