Новинарите го изнервираа Зидан по ремито против Вилјареал

Реал Мадрид одигра 1-1 на тешкото гостување кај Вилјареал, а тренерот Зинедин Зидан имаше причина зошто да не биде задоволен.

Шпанскиот шампион имаше водство од втората минута на натпреварот благодарение на голот на Диаз, а во 76. минута Тибо Куртоа направи пенал, по што Морено израмни на 1-1.

Зидан, сепак, во центар на внимание беше по мечот, кога новинарите го изнервираа со прашање за Еден Азар.

„Не грижете се. Вие работете си ја вашата работа, а ние ќе продолжиме со нашата. Азар ќе продолжи како што треба. Тој не играше долго време и морам јас да му ја одредам минутажата. Тој е со нас и се чувствува добро“, кажа Зидан.