Новата мега-ѕвезда на Барса: Јамал ќе ја добие „десетката“

Иако нема ни 17 години, Ламин Јамал е одамна означен како светла иднина на Барселона и на шпанскиот фудбал.

Можеби минатата сезона додека играше во дресот на каталонскиот клуб, многумина сметаа дека сето тоа е случајно и веќе видено, но фактот што е стандарден првотимец во шпанската репрезентација покажува нешто сосема друго. Поради сето она што досега го направи, Јамал ќе добие награда од Барса со тоа што ќе му биде врачен дресот со број 10.

Од заминувањето на Меси, „десетката“ ја носеше само Ансу Фати кој не ги оправда очекувањата, пред се поради повредите што ги доживеа. Меѓу другото, ваквата одлука се должи на желбата на Барса да го зголеми бројот на продадени дресови во пресрет на прославата на 125. роденден, во ноември годинава.