Нов кикс на „росонерите“: Скудетото му бега од раце на Милан (ВИДЕО)

Екипата на Милан од вечерва заостанува седум бода во однос на градскиот ривал Интер откако одигра само нерешено (1-1) против Комо на домашен терен.

Тоа е второ реми за „росонерите“ во последните четири кола по што Скудетото му бега н овој тим и покрај тоа што остануваат уште 13 кола до крајот на сезоната. Комо уште еднаш се покажа како исклучително незгоден тим за фаворитите и малку недостасуваше да дојде до целиот плен во Милано.

Двата гола паднаа по грешки на голманите, во 32. минута Нико Паз го искористи киксот на Мењан, а кон средината на второто полувреме Леао погоди откако лоша проценка направи Бутез. Во финишот беше исклучен тренерот на домашниот тим Масимилијано Алегри.

Милан сега има 54 бода, додека лидерот Интер е на 61. Возбудувањата продолжуваат претстојниот викенд кога градските ривали се соочуваат со Лече, односно Парма.